Камионите од серија “F” на ISUZU, Јапонскиот производител ги сместува во категоријата индустриски возила. Имаат бруто маса од 10 и од 11 тони.
Опремени се со напредни ISUZU мотори со емисија на издувните гасови која ги задоволува строгите Euro 6 норми.
Во развојот на камнионите од серија F , Јапонските инжинери ја следеле задачата да креираат камион кој ќе може подеднакво ефикасно да се движи по сите површини. Да се движи по градските улици, на подеднакво ефикасен начин како и по земјените планински патишта.
Палета на камиони
Палетата составена од камиони со две вкупни бруто маси (10 и 11 тони) може да се порача во повеќе варијанти со вкупна должина од 3.410 до 4.990 мм.
Кабината е комфорна, просторна и удобна, со одлична вентилација и греење/ладење во внатрешноста. Направен е производ кој може да издржи многу години, со минимални трошоци во процесот на одржување и сервисирање. Безбедноста на камионот е беспрекорна.
Безбедност
Сите камиони од палетата F, се опремени со двојни SRS воздушни перници кои моментно се отвараат во случај на сообраќајна незгода и ја штитат главата и лицето.
Мотори
Моторите на ISUZU кај серијата F се една од најголемите компаративни предности на камионите. Ги исполнуваат најстрогите критериуми на издувна емисија Euro 6, а направени се според најсовремените барања на клиентите и строгите Европски и светски норми, да бидат долговечни, издржливи, економични и пријателски настроени кон животната средина. Дизел моторите имаат зафатнина од 5.193 ccm, 4 цилиндри и 16 вентили со 21о и 240 коњски сили.
Гаранција и сервис
Камионите на ISUZU доаѓаат со гаранција од 2 години, без ограничување на поминати километри
Овластен сервис е сервисниот центар на Аутомакедонија.