КАМИОНИ СЕРИЈА “N”

Eден од основните постулати во работата на ISUZU е да поставува нови светски стандарди во својата област.

Со камионите од серија N, е постигнато токму тоа. Креиран е одличен производ, што гарантира максимални перформанси и одличен комфор за возачот, а искористени се и сите предности на напредните дизел мотори на ISUZU со одлични перформанси, издржливост и економичност.

Неверојатна традиција

Не смееме, а да не ги потенцираме феноменалните резултати на камионите од серија N во светски рамки. Особено импресивен е податокот дека камионите ISUZU N Series, се лидер во продажбата во Соединетите Американски Држави во последните 24 години! Во Велика Британија, пак, статистичките податоци покажуваат дека секој петти камион со бруто маса од 7.5 тони е ISUZU.

Бруто маса на камионите ISUZU N

Во палетата на камиони од серијата N, се вбројуваат камиони чија бруто маса се движи од 3.5 тони до 7.5 тони.

Камионите со бруто маса од 3.5 и 5.5 тони, може да се порачаат со дизел моторите на Isuzu со емисија на издувните гасови – Еuro 5b+ или со модерните Euro 6 мотори. Камионите со бруто маса од 6,5 тони и 7,5 тони, се опремени исклучиво со мотори од напредната генерација на Euro 6 дизел моторите.

Комфор и прегледност

Kaбината на камионите од серија N е комфорна и прегледна.

Инструментите се едноставни и убаво распоредени во внатрешноста што овозможува лесно управување и контрола на активностите на возачот. Се користи LED технологија за осветлување што дополнително ја штеди енергијата во внатрешноста.

Воланот и седиштето се подесуваат по висина и должина и даваат можност за идеално прилагодување на секој возач.

Видови на кабината

Кабината на камионите од серија N доаѓа во три изведби – единечна со ширина од 1.815 мм (Еаsy), единечна со ширина од 2.040 мм (Comfort) или двојна кабина (со втор ред на седишта за патници) која го носи работниот назив (Crew) и може да превезе 7 патници.

Долгогодишното развивање на дизајнот и конструкцијата на кабината овозможи да се направи идеална комбинације помеѓу ригидноста и безбедноста, без компромис со практичноста и функционалноста.

Менувач

Камионите од серија N може да се порачаат со мануелен менувач со 5 или шест брзини, или со автоматски менувач – NEES2 – New Ecofriendly Easy Shift.

Гаранција и сервис

Камионите на ISUZU имаат гаранција од 2 години, без ограничување на изминатите километри. Овластен сервис е сервисниот центар на Аутомакедонија.