ПРВИОТ ISUZU ПИКНИК ВО МАКЕДОНИЈА

18 Јуни, 2017 година беше избран како официјален датум на кој тимот на Аутомакедонија го закажа првиот таканаречен “ISUZU пикник во Македонија”.

Со овој ден, беше и официјално означен почетокот на една традиција замислена да се организира, негува и збогатува секоја година.

DSC_4318v

На настанот беа поканети сопствениците на моќниот Јапонски пикап камионет ISUZU D-Max, повеќе новинари кои ја следат автомобилската дејност во земјата и потенцијални клиенти кои во голем број и на општо задоволство се отповикаа на поканата.

Иако временската прогноза неколку недели пред официјалниот датум ветуваше добро време, утрото на 18 јуни осамна притиснато од облаци полни со дожд.

Но, веднаш стана јасно дека никој од поканетите гости ниту за момент не се поколеба да се појави на зборното место – пред салонот на Аутомакедонија,во населбата Кисела Вода.

DSC_8569

Околу 10 часот, паркингот пред салонот на Аутомакедонија беше исполнет со Јапонските пикапи во придружба на нивните сопственици и горди возачи.

DSC_8600

Беа набрзина направени консултации со новинарите и со професионалците дојдени да го овековечат и меморираат овој настан.

DSC_8615

По краткиот брифинг, ISUZU тимот се подготви за тргнување.

DSC_8626

И моќниот караван тргна кон својата дестинација…

DSC_8636

Импресивната колона од 15 громогласни пикапи ги привлекуваше погледите и вниманието на сите минувачи.

DSC_8665

DSC_8677

И повторно… временската прогноза се покажа како погрешна… На патот кон националиот парк Јасен, заврна силен дожд. Дали дождот ќе го расипе денот и расположението кај членовите на ISUZU тимот?

DSC_8687

Караванот, за кратко време стигна на својата цел… и како договорено…дождот престана да врне и им овозможи на гостите  комплетно да здивнат, да ги наполнат своите бели дробови со свеж воздух и да уживаат во прекрасната глетка на браната Козјак.

DSC_4413v

Уследи кратко поздравување и говор на комерцијалниот директор на Аутомакедонија, кој и официјално ја означи за започната традицијата наречена ISUZU пикник во Македонија.

DSC_8742

Секако, на настанот, беше потенциран и главниот повод за собирот…

Официјално беше претставена новата генерација на ISUZU D-Max, кој посетителите можеа  да го видат и пробаат на кратката тест патека во националниот парк и само за момент да ја почувствуваат моќта на новиот Јапонски самурај.

DSC_8901

По завршување на тест возењето, посетителите можеа да направат една вредна фотографија која ќе остане во нивна и наша трајна меморија и сопственост.

DSC_8837

DSC_8820

DSC_8906

DSC_8914

DSC_8924

DSC_8887

Најхрабриот од сите, на пикникот стигна и со својот подмладок кој во блиска иднина ќе може да се радува и гордее на оваа фотка.

DSC_8882

А помеѓу тест возењата, гостите можеа да уживаат во добра музика, коктел… и секако – неизбежната пикник скара.

DSC_4304v

Ова беше одлична можност да се поразговара со пријателите, да се разменат искуства, да се отворат нови пријателства и познанства.

DSC_4364v

А во центарот на вниманието, секако беше моќниот ISUZU D-Max.

DSC_4297v

DSC_4310v

DSC_4335v

DSC_4340v

Гостите добија и мал подарок, спомен од  првиот, ISUZU пикник.

DSC_8937

Во амбиентот, идеално се вклопи и оваа спектакуларна групна фотка од посетителите и нивните ѕверови на четири тркала.

DSC_4276v

Клиенти, новинари, гости и пријатели…

Ви благодариме за присуството и дружбата и се гледаме повторно, следната година, со уште поубав настан на уште поспектакуларна локација.

DSC_8872