Kaмионите на ISUZU

Јапонскиот бренд ISUZU доминира на светскиот пазар на дизел мотори и камиони од далечната 1916 година. Со богата палета на камиони, со корисна носивост од 3,5 до 14 тони, ISUZU е одличен избор за Вашата транспортна, дистрибутерска, градежна компанија или за секојдневно оперирање во областа на комуналните услуги. Камионите на ISUZU се одликуваат со одлични перформанси, голема издржливост и долг животен век, компактен дизајн кој ги прави идеални за движење и транспорт во градските средини.

Моторите вградени во камионите на ISUZU се од последната генерација на дизел агрегати кои ги задоволуваат најстрогите европски норми за квалитетот на издувната емисија, а притоа се и исклучитено агилни и економични. Камионите на ISUZU имаат гаранција од две години со неограничен број на изминати километри. Moжат да се набават во неколку варијанти и изведби, со различна корисна маса што ги прави идеални за голем број на надградби.