Isuzu M55 (5,5 тони)

Секогаш прецизен и без грешка : Isuzu M55 перфектно ги комбинира повеќефункционалноста на врвен камион со маневарските способности на мал автомобил.

M55 е на располагање со три димензии  (E 2500 – F 2750 – H 3350) со кои може да се задоволи секаков вид на работа, од комерцијална активност до транспорт и градежништво.

M55 гарантира максимални ерформанси во било која ситуација :  4-цилиндарскиот мотор е поддржан со стандарден 5 степен мануелен менувач со редуцирана прва брзина, за да се олесни стартувањето дури и при најтешки услови.

2.9 cm3 моторна зафатнина се срцето кое чука во Isuzu M55, и кое ја испорачува целата сила во ваша функција, гарантирајќи брилијантно забрзување и намалена потрошувачка на гориво, чувајќи ја истовремено животната средина.

2.999

ccm

150

Коњски сили

Еuro 6 OBD-D

Moтор

Безбедноста кај Isuzu секогаш е на прво место ! Затоа, М55 е опремен со воздушни перничиња кои се активираат во случај на фронтален судар, за да го заштитат подобро возачот, и предзатегнувачи на појасите кои се активираат во случај на преден судар за да го задржат патникот во своето седиште.

Максимална контрола се гарантира во секоја ситуација благодарение на системот за електронска стабилност кој овозможува одржување на идеална траекторија во случај на загуба на контрола над возилото, и при активирање на системот за предупредување при излегување од коловозната лента.

Без разлика дали се употребува како возило за собирање смет, превоз на стока или за превоз на материјали,  Isuzu M55 е агилен и повеќефункционален камион, со компактен дизајн, кој гарантира максимален капацитет.

Вистински концентрирана ефикасност и организација, идеална за оние кои бараат инструмент со одлична управливост, со можност за обезбедување повисока продуктивност.

Пристапот до кабината е олеснет со отварањето под агол од 90 ° и скриената стапалка. Внатре, возачот секогаш има се на допир на рацете благодарение на on-board компјутерот, подесивиот волан, контролата на предни светла и темпоматот на 90Km / h .
Седиштата и воланот може да се подесуваат по висина и под агол, со што се адаптираат на возачи од сите големини.