Овластен сервис за ISUZU возила

Аутомакедонија е овласен сервисер на возилата ISUZU во Македонија. Располага со нов и модерен сервисен центар со седум работни позиции, комплетно опремен со дијагностички инструменти, специјален алат и опрема за одржување и сервисирање на пикап возилата, камионите и автобусите на ISUZU.

Во центарот се ангажирани искусни професионалци (машински инжинери, дијагностичари, механичари и електричари) кои редовно ја следат обуката на принципалот. Во сервисот се користат оригинални резервни делови. Сервисниот центар на Аутомакедонија е лоциран во комплексот на поранешна Стакларница.

Сервисот на Аутомакедонија е комплетно опремен за одржување и сервисирање во гаранција и надвор од неа на пикап камионетите ISUZU D-Max.

Сервисот поседува 7 работни позиции (бокса) со работни канали, комплетна дијагностичка опрема и алат за квалитетно одржување и сервисирање на камионите од Јапонсиот производител ISUZU.

И автобусите на ISUZU, без оглед на тоа дали се набавени во Аутомакедонија или не, може да добијат комплетна сервисна поддршка во сервисниот центар,

Врвен квалитет, професионална услуга

Сервисниот центар на Аутомакедонија секоја година го обновува (сертифицира) системот за менаџмент на квалитетот ISO 9001, системот за заштита на животната средина и системот за безбедност на работата. Дополнително, ги следи сите препораки на производителите на возилата, стандардите и нормативите за работното време, инжинерите се на континуирана врска со техничките центри на своите добавувачи и за своите вработени обезбедува редовна обука и тренинг.

Оригинални резервни делови

Во сервисниот центар на Аутомакедонија се користат оригинални резервни делови набавени од производителите на возилата, како и специјални течности (моторни масла, масла за менувачи, хидроулични масла) со врвен квалитет, препорачани од производителите на возила.

Дополнителни услуги

Во комплексот на Аутомакедонија, е сместена и станицата за технички преглед на АМ ЦЕРТ во која можете да направите – редовен и вонреден технички преглед на камиони, автобуси и товарни возила, регистрација со шалтер на МВР, атест на поправани и преправани возила, хомологација на увезувани користени возила. На шалтерот пак, на брокерското друштво АМ Брокер  можете да извадите полиси за осигурување од сите осигурителни компании во земјата.