Нов почеток

Линиите на новиот D-Max се направени со максимален фокус кон безбедноста и аеродинамиката, а тоа го прави новиот пикап на ISUZU концентрат на технологија и иновација.  Новиот ISUZU D-Max доаѓа во три каросериски верзии. Како модел Single (со единечна кабина и две врати), Space (кабина со 2 стандардни + 2 помошни врати, две седишта и задна помошна клупа) и најпопуларниот модел  – Crew (со 4 врати и 5 седишта). Сите модели располагаат и со отворен пикап простор за товарање (кој може и да се затвори, со неколку атрактивни решенија – товарен бокс, спортски капак или канопи со или без прозори). А сето тоа го прави новиот модел идеален за оние кои го земаат за работа, но притоа ни за момент не сакаат да се откажат од комфорот и пред се од безбедноста.

Моќен и зелен

4 цилиндри во линија и 16 V , распределба преку ланец и common rail електронско вбризгување. Турбополначот со варијабилна геометрија, интеркулер со водено ладење и рециркулација на издувните гасови преку двојно ладен EGR. Моторот на новиот D-Max N60B ја задржува архитектурата на претходниот модел и довербата која секогаш ги истакнувала моторите на ISUZU пред конкуренцијата.

Моќта и вредностите на вртежен момент осануваат непроменети но се вградени и серија на технички иновации од најновата генерација  (Start & Stop, EGR систем под низок притисок, SCR систем …), кои заедно со порастот на притисокот на максимално вбризгување за 25%, понатаму ја подобрува ефикасноста преку минимизирање на потрошувачката на гориво и емисијата на NOx и CO2.

Потрошувачката и емисијата се подобрени во споредба со претходниот модел, а ова се и вредностите ​​(NEDC): на M / TilCO2 менувач (Комбиниран циклус – Високо) е лимитиран на 191g / km и потрошувачка од 7.3l / 100km – Високо) е лимитирано до 195g / km и потрошувачка 7.4l / 100km.

14.5-литарскиотAdBlue® резервоар и ниската потрошувачка гарантираат одлична автономија.  ISUZU секогаш внимава на животната средина па : новиотD-Max N60 има стапка на рециклирање од  92% и стапка на потенцијално повраќање од 99.6%.