
Испорачан компактор за смет
Аутомакедонија го испорача специјалниот 7,5 тонски камион на ISUZU за Комуналното претпријатие во Прилеп. Камионот е надграден со колектор и компактор за смет за брзо и ефикасно собирање и транспорт на отпадот.
Моќен Isuzu мотор
Моделот на Isuzu со бруто маса од 7,5 тони е опремен со моќен Еuro VI OBD дизел мотор со зафатнина од 2.999 ccm и моќност од 150 коњски сили. Во комбинација со компактните димензии овој камион е идеален за специфичната надградба – колектор и компактор за смет за помали урбани средини.

дизел мотор
Зафатнина на моторот
Коњски сили
Гаранција
Безбедно решение
Камионот е опремен со ABS систем за сопирање, систем за контрола на стабилноста со ASR и две воздушни перничиња.
Цврста и компактна надградба
Надградбата – колекторот и компакторот за смет, со одлична робусност, компактност и функционалност, се изработени во компанијата Ватроспрем.
Аутомакедонија
Овластен увозник, дистрибутер и сервисер на возилата ISUZU за Македонија.
Адреса
Бул Борис Трајковски, бр 21
02 3103 130
isuzu@automakedonija.com.mk
Работно време
По-Пе: 8:00-16:30
Сa: 8:00-14:00
Не: затворено