Еколошкиот автобус на Anadolu Isuzu, Kendo, се вброи меѓу финалистите за Наградата за одржлив автобус, во категоријата „Автобус на годината“. Оваа награда е признаена како една од најпрестижните награди во меѓународната индустрија за комерцијални возила.

Еколошкиот модел на Anadolu Isuzu е развиен според специфичните барања на локалните таргет пазари и оваа година се наоѓа помеѓу финалистите на меѓународната Sustainable Bus Award, во категоријата „Автобус на годината“.

Кендо е развиен од страна на турските инженери во Центарот за истражување и развој Anadolu Isuzu како економско и зелено решение и е наменет да служи пред се како шатл-автобус или училишен автобус. Еколошкиот Кендо, роден како резултат на R&D способностите и амбициите на Anadolu Isuzu, беше лансиран на европскиот пазар во септември минатата година. Kendo поседува CNG мотор според најсовремените европски стандарди и е еден од ретките модели во меѓуградскиот сегмент од 12-13 метри.

Со еколошки CNG мотор, Kendo е дизајниран за меѓуградски превоз и превоз на кратки растојанија. Спореден со сличните модели на конкуренцијата, со простор за багаж од 7,5 м3, Кендо нуди комфор и функционалност на ниво на луксузната класа.  Овозможувајќи максимална удобност за возачот и патниците, Kendo се истакнува како еден од првите модели потпишан со новиот дигитализиран, естетски и технолошки дизајнерски јазик на Anadolu Isuzu. Неговиот аеродинамичен дизајн, динамичните LED трепчаки и LED дневни светла, дигиталната инструмент табла и 7 инчен мултимедиа систем на допир, одат во прилог на новиот дизајнерски јазик имплеметиран во овој еко автобус.

Со должина од 13 метри Kendo CNG овозможува удобен и широк простор за возачот и патниците. Многу од неговите карактеристики како што се распоредот на седење, изборот на ткаенина и дизајн – можат да се прилагодат спрема желбите и потребите на клиентите. Благодарение на идеалниот распоред, возилото има најпространа возачка кабина во споредба со конкурентските модели со иста големина и капацитет, а доаѓа со прилагодлив управувач и возачко седиште кои на возачот му овозможуваат дополнителна ергономија и сигурност. Покрај стандардната верзија со максимален капацитет на седење, Kendo CNG доаѓа и со можност за склопување на седиштата во средниот дел, со што се креира дополнителен простор за стоење или сместување на инвалидска количка.

Наградата за одржлив автобус се темели на идејата за одржливост, а кандидатите се оценуваат според повеќе критериуми како што се: мотор, менувач, сигурност, удобност и одржливост. Исто така како критериуми се земаат во предвид и степенот на бучава, можноста за рециклирање на компонентите и генералното залагање на производителот за заштита на животната средина.

Kendo CNG имавме можност да го видиме во Македонија во март во рамки на Isuzu Euro Demo Tour.

 

Isuzu Euro-Tour 2021 во Македонија

Март 2021, Скопје

Во рамки на меѓународната турнеја Isuzu Euro-Tour 2021, партнерите Аутомакедонија и Anadolu Isuzu ги претставија и кај нас водечките модели на туристички и меѓуградски автобуси на големиот турски производител.

Промоцијата се одржа во хотелот Double Tree by Hilton во присуство на претставници од Anadolu Isuzu од Турција, компании од бизнис заедницата во Р.С. Македонија како и во присуство на официјални претставници на институциите.

Гостите имаа можност да се запознаат со моделите Grand Toro, Novo Ultra и најновиот меѓуградски автобус Kendo/Interliner, кој беше лансиран на европскиот пазар во Септември минатата година.

Grand Toro e 8.5 метарски туристички автобус кој се издвојува од останатите конкуренти во миди сегментот по својата исклучителна внатрешност и простор за патниците и возачот, голем багажен простор и ниската потрошувачка. Наменет е за туристички патувања на средни и долги релации, а се користи и за транспорт на вработени или како училишен автобус.

Novo Ultra е веќе добро познат претставник во миди сегментот. Обезбедува место и багажен простор за 29 патници, а новиот Euro 6 Isuzu мотор испорачува 190 коњски сили на 2600 вртежи. На европскиот пазар доаѓа во 2 верзии – Standard и Ultra.

Новиот 13 метарски Isuzu Kendo/Interliner меѓуградски автобус беше лансиран во Европа во Септември 2020 година, но веќе е добро познат на македонскиот пазар. Веднаш по самото лансирање Anadolu Isuzu испорача 6 еко автобуси на природен гас на Рек Битола.

Покрај со CNG и bioCNG моторите, Isuzu Kendo/Interliner исто така нуди и широк ранг на интелигентни безбедносни технологии развиени од страна на развојниот центар во Anadolu Isuzu.

Турнејата на Isuzu продолжува низ останатите земји во Европа, а планирана е да трае до Јуни оваа година.

Долгоочекуваниот и сосема нов ISUZU D-MAX пристигна во Скопје.

Новиот D-Max, за кого владее огромен интерес во јавноста, изгледа робусно и атрактивно и е опремен со многу повеќе безбедносни и комфорни елементи дури и во стандардните модели.

Можете да го набавите во три каросериски изведби (Single, Space и Crew), со погон на 2 или на сите тркала, со мануелен или автоматски менувач, како и со модерниот Euro6 дизелски мотор.

На последниот краш тест, тој освои и максимални 5 ѕвездички за безбедност од EuroNcap.

За повеќе информации, понуда и тест возење, ве очекуваме во нашиот салон во Кисела Вода, Бул. Борис Трајковски бр.21

 

 

На свечена манифестација, во присуство на градоначелничката на општина Тетово и министерот за финансии, Аутомакедонија и официјално ги претстави и предаде новите 5 автобуси со кои ќе се организира и извршува градскиот превоз во Тетово.

Се работи за нископодни, 12 метарски автобуси за градски превоз од марката ISUZU.

Новите автобуси (Isuzu Citiport) кои наскоро ќе бидат новиот сообраќаен крвоток на Тетово се нови, модерни, комфорни, со вкупен капацитет за превоз на 107 патници (31 седење + 76 стоење).

Автобусите се опремени со најсовремените системи за безбедност, АBS/ASR, комплетен систем на греење и ладење, како и со модерен автоматски ZF менувач за економично и безбедно возење во градските средини. Автобусот поседува и  специјална механичка рампа за влез на хендикепирани лица со количка

Тие се екипирани со нови Euro6D дизел мотори со зафатнина од 6.700 ccm и моќност од 220 kw, кои се економични и пред се еколошки.

На свечената манифестација, на градоначалничката на Тетово, г-ѓа Арифи од претставникот на Аутомакедонија и беше врачена специјална плакета, а на граѓаните на Тетово им беа посакани безбедни и безгрижни патувања.

На свечената церемонија која се одржа во Битола на 19.12.2020 година, беа презентирани и пуштени во употреба новите 6 еколошки автобуси на ISUZU придвижувани на погон на компримиран природен гас (CNG).

Автобусите ќе ги заменат старите, дотраени автобуси со кои се превезуваат работниците во енергетската компанија.

На свеченоста присуствуваше премиерот на Р.С.Македонија, врвниот менаџмент на ЕСМ, РЕК Битола, Аутомакедонија и претставник на компанијата ISUZU Anadolu, производител на автобусите.

И штипската компанија Роби, оператор на кабловската телевизија Телекабел, се определи за нов автобус на Isuzu со кој ќе се превезуваат работниците до своите работни места.

Честитки за изборот и безбедни патувања.

Koрпорацијата HI TECH е сопственик на првиот ISUZU Turquoise во Македонија.

Најпродаваниот компактен автобус на ISUZU ќе се користи за секојдневно превезување на работниците во нашата земја.