Isuzu & Аутомакедонија. Врвна вредност

Сертифициран квалитет

Возилата на ISUZU се со сертифициран и докажан квалитет

Сервисна поддршка

Комплетна сервисна поддршка, професионален кадар и резервни делови

Конкурентни цени

Одлична комбинација на цените и квалитетот кој го добивате за возврат

Долг животен век

Возилата на ISUZU важат за едни од најиздржливите возила на светот

104 години искуство

Isuzu зад себе има 104 години богато искуство во производство на возила

Финансирање

Возилата на ISUZU се достапни со најдобрите пакети за финансирање.

ISUZU е еден од најголемите и најстарите производители на моторни возила во светот. Основан е во далечната 1916 година. Познат и препознаен по одличниот квалитет, долг животен век и феноменалните дизел мотори кои се вградуваат во возилата на ISUZU но и во многу други автомобили, камиони, автобуси, агрегати, индустриски постројки…

Одлична комбинација со Аутомакедонија, компанија со традиција во автомобилската дејност од 1946 година, со комплетна инфраструктура, професионален кадар и опрема за беспрекорна продажба, одржување и сервисирање на возилата на ISUZU.

Продажба & финансирање

Аутомакедонија е овластен увозник и дистрибутер на возилата ISUZU во Македонија. Покрај богатата палета на пикапи, товарни возила и автобуси, продажните консултанти ќе Ви понудат и пакети на финансирање – финансиски и оперативен лизинг, за брзо и ефикасно финансирање на Вашата флота и возила.

Сервис & делови

Аутомакедонија е овластен сервисер на возилата од палетата на ISUZU. Со модерен сервис со седум работни позиции, комплетна опрема и професионален кадар и сериозна залиха на оригинални резервни делови. За максимална мобилност на Вашите возила.

Дополнителни услуги

Во фирмите на Аутомакедонија, покрај набавката и сервисирањето на возилата можете да добиете и технички преглед, регистрација, да извадите полиси за осигурување, оперативен лизинг. Комплетен флотен менаџмент за Вашата флота (од сите видови и брендови на возила). Сите услуги на едно место.

© Copyright - Аутомакедонија АД Скопје