D-MAX SINGLE

Новиот ISUZU D-Max, еден од најатрактивните пикап камионети на светот, конечно пристигна и на Македонскиот пазар.

ШТО Е НОВО КАЈ НОВИОТ D-MAX

Новиот D-Max кој својата официјална премиера ја имаше на Саемот за автомобили во Женева 2017 одина, со себе носи голем број новости.

СОСЕМА НОВ МОТОР

За да ги задоволат строгите Euro 6 норми на издувната емисија во Европа, Јапонските инжинери дизајнираа и составија сосема нов мотор.

Основната цел на комплицираниот зафат – беше да се намали нивото на штетните материи, јаглерод диоксид и азот кои моторот на новиот D-Max ќе ги емитува во атмосферата, а притоа да се задржат основните карактеристики на Јапонскиот тигар – моќ, сила, влечни својства…

Спакувани во новиот турбо мотор со зафатнина од 1,9 литри во D-Max треперат 164 коњски сили, кои на возилото му даваат одлична агилност и моќ.

Покрај намалената емисија, возилото со намалената зафатнина на моторот поентира и во потрошувачката на дизел гориво и остварува параметри кои го прават лидер во својата класа. Поточно, во споредба со претходниот модел, потрошувачката на гориво е намалена за 5-18%

Новиот мотор, има намалена бучавост од одлични 5dB што го прави исклучително тивок, а возењето комфорно.

Моторот е полесен од претходната генерација, со што се зголемува дозволената носивост за 30-60 килограми.

Во моторот на новиот D-Max изведен од нула, е искористено легендарното решение на Јапонскиот производител ISUZU – челичниот ланец на моторот што гарантира одлични перформанси и долг животен век.

НОВИ МЕНУВАЧИ

Новиот D-Max е опремен и со нови рачни и автоматски менувачи со подобри перформанси од претходната генерација.

ПОДОЛГ ГАРАНТЕН РОК

Јапонските конструктори, сигурни во квалитетот на својот производ, за новиот D-Max обезбедија подолг гарантен рок од 5 години или 100.000 км.

АТРАКТИВНО ДИЗАЈНЕРСКО ОСВЕЖУВАЊЕ

Главните промени во дизајнот на новиот D-Max доаѓаат во предниот дел – каде се вградени нови предни светла, со лед сијалички над главните проекторски светла.

Маската и предниот дел се спортски поизразени и поатрактивни, споредено со претходниот модел.

Моделите од повисокиот пакет на опрема имаат и нови алуминиумски тркала.

ВЛЕГУВАЊЕ БЕЗ КЛУЧ

Новиот D-Max ги користи предностите на новата технологија и доаѓа со Keyless entry system (влегување без клуч).

ОДЛИЧНИ СВОЈСТВА НА ПАТ И OFF ROAD

Како резултат на модерниот систем, со вртливото копче Shift on the fly, со ISUZU D-Max можете да извлечете максимум на секаков вид на подлога. Асфалтирана, песоклива, камена, каллива,снежна…

Возилото стандардно се движи со погон 4×2 но со вртење на копчето можете да го активирате и погонот на сите тркала, при високи и мали брзини на движење.

КАРОСЕРИСКИ ИЗВЕДБИ

Како и во претходниот модел, D-Max може да се набави со единечна (Single) кабина и огромен товарен простор. Со проолжена (Space) кабина, како и со Двојна (Crew) кабина.

ЛИДЕР ВО КЛАСАТА

D-Max останува лидер во својата класа – по влечната сила. Тој е единствениот пикап камионет со влечна сила (можност за влечење приколка со тежина од 3,5 тони).

БЕЗБЕДНОСТА ПРЕД СЕ

Бзбедносните елементи се најважна работа за Isuzu. Поточно, во секоја верзија на моделот, без исклучок, како стандардна опрема се вклучени воздушни перничиња и многу електронски системи кои му помагаат на возачот.

  • 6 Воздушни перничиња (предни x 2,  странични x 2, завеси x 2)
  • Систем за сопирање со ABS  и електронско прераспределување на силата на кочење EBD
  • Електронска Контрола на Стабилноста ESC со Контрола на тракција TCS
  • Систем за помош при стартување на угорнини (Hill Start Assist  – HSA)
  • Контрола на Симнување по Удолнини (Hill Descent Control—HDC)

СИСТЕМИ ЗА АСИСТЕНЦИЈА

За специфични ситуации на возачите им стојат на располагање и системите за асистенција при качување / симнување по угорнина.

Попрецизно, новиот D-Max e опремен со системите

Hill-start assist

Му помага на возачот да стартува-ја спречува можноста возилото да се придвижи (стркала) кога се обидува да се качи на угорнина или спушти по удолнина. Системот го држи возилото стационирано (во место) две секунди откако ќе се отпушти педалата за сопирање (кочницата) со што му дава на возачот доволно време да стисне на педалата за гас.

Hill Descent control

Овозможува контролирано спуштање по удолнина без обврска возачот да ја притиска педалата за сопирање. Кога возилото се забрзува при симнување по удолнина (под 30 km/h), системот автоматски ќе прикочи за да ја успори брзината на симнување. Притисок на педалата за гас или за сопирање, ќе го деактивира системот.

МНОГУ ОПРЕМА

Зависно од пакетот на опрема што ќе го изберете, Вашиот ISUZU D-Max може да содржи и

  • нов инфотејнмент систем
  • автоматска клима
  • навигациски систем
  • камера за враќање назад
  • аларм
  • кожени седишта со греење
  • 18 инчни алуминиумски фелни и многу други практични и луксузни елементи

АКСЕСОАРИ

Како и секој пикап, и новиот D-Max можете да го добиете со отворен товарен простор, како и со огромен број на надградби – канопи или спортски капак за покривање на багажниот простор, алуминиумски барови, гумени покривки на товарниот дел, кутии за алат, прагови, кровни носачи на багажник, куки, витла, чистачи на снег итн…

Особено на моделот со единечна кабина (2 врати и 2 патници) може да се изведат и голем број на надградби – товарен сандак, кипер, платформа…

ФИНАНСИРАЊЕ

Покрај одличните цени за возилото, кое минатата година со маркет шер над 50% го освои пазарот во Македонија, новиот ISUZU D-Max можете да го добиете и со атрактивни пакети на финансирање (кредит и лизинг).

СЕРВИС

Комплетното одржување и сервисирање во нашата земја можете да го добиете во сервисниот центар на Аутомакедонија.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ НОВИОТ ISUZU D-MAX

Новиот D-Max го задржува својот дух.

Тој и понатаму цели на професионалците кои во овој модел гледаат одлично работно возило, кое истовремено може да го користат во приватни цели.

Одличната издржливост и моќност, како и одличните off road перформанси го прават идеално возило за – градежни компании, рудници, каменоломи, телекомуникациски провајдери, противпожарни и интервентни служби, комунални претпријатија, шумски оператори… Одличната практичност на пикап камионетите во светот ја користат и многу претприемачи кои транспортираат – градежни материјали, фирми кои пренесуваат земјоделски производи и храна, кетеринг служби…

Секако, одличните својства на D-Max ги препознаваат и авантуристите на кои им треба возило за транспорт на туристички приколки и треилери, глисери, ловци, риболовци…

ТЕСТ ВОЗЕЊЕ

Ве покануваме да не посетите и да направите тест возење со сосема новиот ISUZU D-Max.

Информации во салонот на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода, или на тел. 02 3103 265

ПРЕВЗЕМИ PDF ЦЕНОВНИК